дома информација вест Јапонскиот премиер поднесе оставка од здравствени причина

Јапонскиот премиер поднесе оставка од здравствени причина

930
0

Националистот и прагматик, Шинзо Абе (65) преживеа бројни скандали и неодамна го сруши рекордот со бројот на мандати како јапонскиот премиер, но на крајот денес поднесе оставка поради здравствени проблеми.

По првиот краток период на власт од 2006-2007 година, скратен заради скандал и хронично воспалително заболување на дебелото црево, Абе се врати на власт кон крајот на 2012 година и оттогаш е премеир на Јапонија.

Тој планирал да остане и на функција до крајот на третиот и последен мандат како претседател на Либерално-демократската партија, до септември 2021 година.

Абе е познат во странство по неговата економска политика наречена „абеномика“, која ја започна кон крајот на 2012 година.

Извор: Канал5