дома информација вест Турскиот шеф на дипломатија: Статусот на Аја Софија е прашање на националниот...

Турскиот шеф на дипломатија: Статусот на Аја Софија е прашање на националниот суверенитет

99
0

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу одговарајќи на прашање, за НТВ, за тоа дали ќе биде отворена Аја Софија за муслимански молитви изјави: “На крај, тоа не е меѓународно прашење, тоа е прашање на националниот суверенитет”.

„Некои кругови надвор од турската нација не можат да се помират со тоа на кого им припаѓа Аја Софија, па дури и Истанбул, дури и денес, 567 години по освојувањето“, рече тој.

“Важно е што турскиот народ сака” додаде Чавушоглу држајки документ од 1462 година во која стои дека Аја Софија е впишана како џамија

Аја Софија е изградена од Византија како црква во 6 век во Истанбул, претворена е во џамија по освојување од Османлиското царство и музеј во 1930-тите. За многу Турци денешниот статус на Аја Софија претставува симбол за секуларниот устав на земјата.


Аја Софија е впишана на списокот за светското наследство на УНЕСКО, но строгите толкувачи на исламската вера долго време бараат денешниот музеј повторно да стане џамија.

Официјална Атина ја осуди употребата на поранешната православна црква во религиозни муслимански цели.

Извор: indeks.hr

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде