Во Бостон, двајца браќа, Чарнајев на 15ти Април 2013 година детонираа две бомби при што загинаа три лица на „Бостонски маратон“, а над 200 беа повредени.

Браќата набрзо беа уапсени, а целата јавност очекуваше да им се пресуди смртна казна за нивното делото кое се квалификуваше како „терористички акт“.

Судот донесе пресуда за смртна казна, но набргу по жалба усвоена од Апелацијата, се закажа нов судски процес во кој се укина смртната казна за Чарнајев.

Ова одлука на судот ја вознемири американската и светската јавност, а претседателот на САД на својот Твитер профил експлицитно изјави дека се залага за смртна казна за „Бостонскиот бомбаш“.

“Федералната влада треба повторно да побара смртна казна за да го надополни тоа поглавје од судењето. Нашата држава не може да дозволи апелационата одлука да биде крајна. Ретко кој има заслужено смртна казна повеќе од бомбашите од Бостон”, напиша Трамп на Твитер.

На својот твитер профил Трамп најави дека федералната влада ќе преземе се што е под нејзина ингеренција „Бостонскиот бомбаш“ да добие смртна казна и одлуката на апелацијата да не биде конечна.

Фото: motherjones.com