Актуелниот, но по најавите изгледа и идниот министер за здравство Венко Филипче се огласи на својот Фејсбук профил и објави добри вести поврзани со КОВИД19.

Во изминатите денови се зголемува бројот на оздравени пациенти од КОВИД19, а се намалува бројот на нови заразени пациенти.

Според досегашните расположливи статистики вкупно 10.52 пациенти оздравеле од КОВИД19 и се вратиле на своеите секојдневни активности.

Во продолжение интегралната објава на министерот за здравство на неговиот Фејсбук профил:

10.052 пациенти оздравеа од ковид-19! Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности. Изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни. Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот.

претходниот член,На часови учениците над 12 години задолжително ќе носат маски
Следната статијаОвие земји обично имаат најголем број меѓународни туристички посети

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде