Кинеските научници направиле истражување кое тврди дека во Вухан, во периодот меѓу јануари и март, околу 87 отсто од случаите на вирусот на корона можеби останале неоткриени.

Истражувачите од Вухан, градот од каде започна пандемијата на коронарен вирус, веруваат дека меѓу 53 и 87 проценти од инфекциите не биле идентификувани пред 8 март, што потенцијално вклучува асимптоматски и благи случаи на вирусот.

Бидејќи овие случаи не беа вклучени во статистичките бројки, излегува дека стапката на репродукција на вирусот беше намалена на само 0,28 отсто. Ова би значело дека, во просек, болеста се шири од едно заразено лице на помалку од едно лице, што потоа укажало дека епидемијата завршува.

Научниците веруваат дека стапката на репродукција за време на раната фаза на епидемијата на коронавирус всушност била 3,54 отсто, што е многу повисока отколку што беше случајот со САРС и МЕРС.

Извор: Во центар