дома информација вест Пандемијата ќе донесе мир во светот до крајот на годината

Пандемијата ќе донесе мир во светот до крајот на годината

683
0

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање пред Генералното собрание на светската организација повторно ќе повика на општ прекин на огнот во светот до крајот на годината, за сите земји да можат да се посветат на борбата против пандемијата на корона вирусот, иако британските медиуми наведуваат дека ефектот од неговиот апел нема да биде голем затоа што на седницата нема да присуствуваат мнозинството претседатели и премиери.

Според најавите, американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот светски лидер, кој заедно со Гутереш, утре ќе се обрати лично на првиот ден од сесијата на Генералното собрание.

Претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин се едни од ретките светски лидери кои ќе дојдат во Њујорк за да ја одбележат 75-годишнината од основањето на светската организација, која денес брои 193 члена.

Околу 170 шефови на држави или влади ќе се обратат преку видео врска.

Извор: Сител