Најновото истражување и податоците собрани од кинеската лунарна сонда укажуваат дека освојувањето на Месечината и нејзината колонизација нема да бидат лесни.

Вселенското зрачење на Месечината е два до три пати поголемо отколку на Меѓународната вселенска станица, што ќе биде најголема опасност за истражувачите во иднина, откри кинеската лунарна сонда Чанг-4.

Nasa names companies to develop Moon landers for human missions - BBC News

Кино-германскиот тим во американското списание „ScienceAdvance“ презентираше податоци за зрачењето собрано од Чанг-4, кинеска сонда, која слета на крајната страна на Месечината во јануари 2019 година.

Овој пронајдок е прво целосно мерење на изложеноста на зрачење на Месечината. Податоците се од витално значење за потфатите што ги планира НАСА, но и за сите други субјекти кои планираат да испраќаат астронаути на Месечината.

Високото ниво на зрачење е неочекувано меѓу научните кругови и носи со себе голем број проблеми што можат да ги попречат плановите за подолги истражувачки мисии планирани на Месечината во иднина.

Извор: Alo rs

претходниот член,Хрватски медиуми се потсмеваат со македонската „порно“ полицајка
Следната статијаРазвиен спреј за нос кој дава надежи за сузбивање на заразноста на корона вирусот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде