Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без временските ограничувања кои беа во сила досега.

– Од понеделник граѓаните кои влегуваат во Косово нема да подлегнат на самоизолација и наместо да се тестираат тие ќе бидат прегледувани од екипите на здравствените центри на граничните премини.

Исто така, од понеделник ќе се овозможи целосно слободно движење на луѓето и стоките, односно се укинува ограничувањето на движењето од 5 до 21 часот, изјави Земај.

Извор: alsat-m.tv

претходниот член,Приказна за едно семејство фатено меѓу трупите на Хитлер и Сталин
Следната статијаСурфер загина после напад на ајкула во Австралија (видео)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде