Научници од Универзитетот во Хонг Конг објавија дека е потврден случајот со повторна инфекција со вирусот корона, јавува телевизијата РТК.


Како што се наведува, 33-годишниот маж бил заразен со КОВИД 19 во април, тој бил хоспитализиран и излечен по неколку дена од хоспитализацијата.

Сепак, откако се вратил од Шпанија на почетокот на август, тој повторно направи тест за вирусот корона, а резултатот бил позитивен.

На почетокот, лекарите не биле сигурни дали човекот бил повторно заразен или вирусот цело време бил во неговото тело.

Како и да е, според научниците од Универзитетот во Хонг Конг, генетската секвенца покажала дека видовите на вирусот изолирани од пациентот во април и август биле „сосема различни“.

Извор: Novosti.rs