дома информација вест Малолетник вчера се удавил во водите на река Брегалница

Малолетник вчера се удавил во водите на река Брегалница

561
0

На 11.09.2020 во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил.

На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт.

По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Извор: Полициски билтен

претходниот член,Како КОВИД19 влијаеше врз жените (економски аспекти)
Следната статијаПроизведен нов лек во борбата против рак

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде