Една од најактуелните појави кога е демографијата во прашање е миграцијата, особено одлив на мозоци во Македонија.

Голем број на млади и висококвалификувани работници ја имаат напуштено Македонија во последните десетина години.

Но освен миграцијата уште еден демографски проблем се јавува во изминатите неколку години.

Имено во 2019 година за прв пат во историјата во Македонија е забележана повисока стапка на морталитет отколку стапка на наталитет.

Бројот на умрени лица за 2019 година изнесува 20446, а бројот на новородени 19845 што значи дека разликата е 601 повеќе починат отколку роден.

Во минатите шест месеци пак, од почетокот на 2020 година, пандемијата предизвикана од КОВИД19 донесе и економски промени, како што се флуктоација на работните места.

За околу 20.000 работни места е зголемен бројот на невработени што е дополнителна мотивација за мигрирање на младите кадри од државата.