дома прашуваме други колумна Која е замката на семејствата на прокреација?!

Која е замката на семејствата на прокреација?!

1385
0

Во правната терминологија и во општествените науки се прави разлика помеѓу семејство на ориентација и семејство на проекреација.

Семејствата на ориентација се семејства во кои сме растеле со нашите родители и со другите членови (на пример баби, дедовци, чичко, стрина, вујко, вујна, братучеди и сл.)

Семејствата на ориентација не ориентираат кон новите животни повици кои ги имаме откако ќе се етаблираме како возрасни, самосвесни и одговорни единки според морално-општествени и правно-пропишани стандарди.

Во семејствата на ориентација, членовите на семејството се доживуваат како единки со кои сме во крвно сродство и со кои имаме близок духовен однос, но не и однос заснован на телесна поврзаност.

Во одреден период од животот доаѓа до одлука секој поединец од семејството на ориентација, да избере брачен другар или партнер и да формира семејство на проекреација, односно семејство во кое ќе се создаде потомство и пород.

Во семејството на прокреација, пак, нужна е телесната врска, односно сексуалниот контакт кој е пресуден за создавање на потомство.

Но, сепак, замката во разбирање на семејните односи е во тоа што, кога со некој формирате семејство, вие го пренесувате разбирањето за семејството во новата средина. Имено, дека станува збор за духовна врска, а не за телесна привлечност и страст.

Од таа причини неретко се случува на своите брачни другари да гледаме како на „браќа“ или „сестри“ и да имаме доволно духовна, но не е и телесна привлечност, што со тек на време предизвикува многу проблеми во семејството.

Секој човек има потреба од реализирање на својата сексуалност и создавање на телесна врска со партнерот и од тие причини или доаѓа до прељуби или до целосно распаѓање на бракот и семејството.

Во психолошката пракса е масовно застапен феноменот, на гледање на партнерот како близок член на своето семејство кон кој немате рамноправна врска и телесна поврзаност. Целиот однос со партнерот се заснова, како што не наведува на тој заклучок концептот за семејството (стекнат во семејство на ориентација) на ориентирање, превреднување на партнерските одлуки и ставови, често пати и осуди кои резултираат со кавги и конфликти.

Просто на партнерот му се поставувате како родител, ориентир или советодавач, или тој на вас, каде и што постои замката во разбирање на „семејството“ од каде што нужно ќе произлегуваат конфликти.

Конфликти во низа може само да резултираат со крах на бракот и распаѓање на семејството што сте го создале со партнер кој го третирате како семејство, а не како партнер со кој треба да имате телесна врска, сексуално да се реализирате и да одржите здрава дистанца во почит кон друга веќе изградена, возрасна личност.

Социолозите зборуваат за „залез на бракот и семејството“ како најзастапени феномени во западните современи општества. Причините за залез на бракот и семејството лежат токму во тесноградото разбирање на бракот и семејните односи, поради еднодимензионалноста на концептот семејство, но и поради религиските сфаќања кои го нагласуваат духовниот аспект во заштита на партнерските односи, занемарувајќи го телесниот.

Дури ни религиските концепти не се преригидни во разбирање на односот кон телесноста и сексуалноста, колку што луѓето поради дуалистичкото сфаќање на душа и тело и давање на целосен примат на душата како бесмртен ентитет (историска конструкција) на сфаќањата ја третираат телесноста и сексуалноста како суб-ординирана, а често и како „валкана“ и вредна за потсмев.

Излезот од ова замка е превреднување на концептот семејство за што и се создава природна потреба како одговор на перманетните промени во институцијата семејство и брак. Во спротивно ќе имаме несреќни бракови кои опстојуваат поради обврските, должностите и децата, болни индивидуи, распаднати семејства и чести разводи.

Магдалена Стојмановиќ

-Авторот е м-р по социолошки науки и дипломиран професор по филозофија