Помина времето кога бараа од нас да бидеме трпеливи. Сега бараат да бидеме солидарни…

Следниот пат, кога ќе побарате солидарност од граѓаните, дами и господо од власта, барем не ги објавувајте одобрените тендери за илјадниците евра, пари на истите тие граѓани потрошени за морски плодови, јунешки стекови, ф’стаци, лешници и други задоволства наменети за осетливите функционерски стомаци.

Бидете вулгарно нетранспарентни…

Вие пак јадете си ги скапите намирници, но барем не им кажувајте на граѓаните дека ги ебете преку панталоните.

Од кого ја барате таа солидарност? Бидете поконкретни, бидејќи повикот за солидарност до сите граѓани, освен милионерите Орце Камчев и Кочо Анѓушев списокот ги вклучува и луѓето со расипани од немаштија заби, кои дури и да сакате да ги послужите со веќе нарачаните апетисани, љубезно ќе ве одбијат.

Што ќе им препорачате на тие луѓе… редовно да си ги мијат малкуте останати во устите заби, како што ни препорачувате редовно да миеме раце заради короната?

Од кого барате солидарност? Од дотепаните од вас членови на неугледни фамилии?

Барате донации од тие кои немаат моќ да останат анонимни кога ќе направат некоја „зелена“? До нивните денарчиња ли дојдовте?

Побарајте солидаризирање од газдата на туристичката агенција Атлантис од Струмица, Сашо Дончовски, го имате тоа морално право, бидејќи како што покажува вашата транспарентност, без ниту еден грам жалење сте го „отепале“ од тендери.

Вие немате срам!

Од пензионерите ли што ги оставивте со мизерни пензии барате да се солидаризираат со вас во овие тешки моменти?

Или пак можеби барате луѓето што работат за минималец од 14 500 денари на хартија, да бидат така добри, како што се и трпеливи да ви донираат?

Побарајте солидарност од 120-мината рамковни вработени во парламентот, кои и покрај тоа што не работеа примаа плати. Бидете популисти, направете си реклама сега пред избори. Бидете поконкретни, за да не станувате мета за тролање и фаќање сеир.

Целата колумна на Атанас Величков за trubuna.mk може да ја прочитате тука

претходниот член,Интересни факти за пандите
Следната статијаОд денеска сме на чекор пред целосно отворање на границите