Кинеската компанија “Contemporary Amperex Technology Co. Ltd (CATL)” која е гигант во производство на батерии за електрични автомобили кои ги користат „Тесла“ и „Фолксваген“ е спремна да произведе батерија која ќе направи вистински пресврт во електричната автоиндустрија.


Зенг Јукинг претставникот на компанијата изјави за Блумберг дека се спремни да произведат батерија која трае до 16 години или 2 милиони километри и ако некој е спремен да достави нарачка тие со задоволство ке ја произведат. Гаранција за сегашните батерии за електрични автомобили е 150 000 милји (241 000 км).

Цената на новата батерија ќе биде 10% повеќе од моменталните најдобри батерии на пазарот кои нивната компанија е и најголем производител на светско ниво.

Загриженоста во врска со губење на силата на батеријата и потребата да се смени после неколку години е сериозен проблем кој ги пишманува потенцијалните купувачи на електрични автомобили.

Извор: Bloomerg.com

претходниот член,Црногорските власти го рушат конакот на манастирот св. Василије во Црна Гора
Следната статијаРепортажа за македонска оаза на мирот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде