дома прашуваме други Интервју со Душко Миновски: Генезата на дискриминацијата првично се гледа во семејните...

Интервју со Душко Миновски: Генезата на дискриминацијата првично се гледа во семејните односи и воспитувањето

159
0

Душко Миновски беше претседател на Комисија за заштита и спречување на дискриминација и има долгогодишно искуство како социјален работник. За македонската јавност е познат како човек кој за македонското општество има придонесено во насока на сузбивање на дискриминацијата, како теренски работник и како човек кој им има помогнато на голем број на луѓе кои се маргинализирани, дискриминирани или социјално загрозени.

За редакцијата на „Мој збор“, Миновски зборуваше за дискриминацијата како поим, за модусите на борба против дискриминација и за своето долгогодишно искуство во бобата против дискриминацијата.

Во продолжение интегралното интервју со Душко Миновски:

  • Услов за да одредиме дека некој е „дискриминиран“ се заснова на негово субјективно чувство дека е дискиминиран или во воочување на дискриминацијата како база на некој тип на однос од страна на трето лице (надворешен суд)? Дали параметрите за дискриминација се само субјективни или само објективни или дискриминација е посложен концепет?

-Токму така дискриминацијата е посложен концепт односно како милуваат стручните лица кои се бават со феноменот на не/дискриминација, да кажат… “не секоја неправда е дискриминација”! Од таму мора да се напомене дека често пати имаме и субјективен однос во врска со одредена неправда или ставање во положба на: подреденост, не еднаквост и сл. Имено, за да се констатира и превземат одередни активности конкретно во директната дискриминација (најчеста и највидлива) мора да постојат 3-елементи: основ (наведен во Законот за спречеување и заштита од дискриминација), нееднаков третман или положба (на иднивидуа, група на лица) и компаративност/споредливост (на настанатото дискриминирачко поведение со некој сличен или адекватен настан на дискиминација кој се случил кај нас). Од сето кажано мора да се напомене дека секогаш е посуштествено и поцелисходно да се иницира постапка (и покрај некои сознанија дека е субјективен моментот на иницирање) за докажување на дикриминирачко однесување отколку да се отфрли во стартот единствено од причина да се креира јавна свест кај сите чинители на општеството дека постои закон кој превенира и санкционира било какво неповолно однесување и ставање некого или некои во не еднаква положба и третман.

  • Една од формите на дискриминација е и родовата дискриминација. Сведоци сме дека на нашата политичка и јавна сцена честопати се користи шовинистички и говор на мизогинија, секако таквите форми на родова дискриминација се предмет на осуда, но и на ревизија од страна на надлежните институции (судовите). Сепак се чини дека родовата дискриминација е многу подлабоко вкоренета во нашето општество и можеби постојат слоеви кои за нас се невидливи затоа што не се јавни. Како да се застане на патот на родовата дискриминација и таа да се третира во сите сегменти и пори на општеството?

-Во основа никулецот на секој вид и форма/облик на дискриминација лежи во вкоренетите стереотипи и предрасуди во нашето општетсво а и секаде во светот. Значи генезата на истата првично се гледа и препознава во семејните односи и вопситувањето. Потоа секако важните системи во структурирањето на личноста на детето/децата од најрана возраст како непосредно опкружување (соседи, роднини, пријатели и др.), градинките, училиштето и сите др.форми на организирано дружење и забава, како : спортски, културни, едукативни и др.организирани облици на едукација и дружење. Сите тие имаат сериозно влијание во постоењето на стереотипите и предрасудите кои се главните “виновници” за постоењето на дискриминацијата на свесно или (најчесто) несвсесно ниво. Од таму единствен начин за справување со ова условно кажано-зло, е континуирана едукација во училиштата од основно, средно и високо образование со воведување на предмет за еднаквост, право/правда и недискриминација, како и континуирана едукација и подигање на свеста на сите нивоа на општетсвениот систем (локално, централно), на сите нивоа на човековиот развој и битисвање.

  • Кои се најчести случаи на дискриминација по неколку основи. Обично се вели дека црните жени се во независна положба во светот бидејќи тие се дискриминирани прво на расна, а потоа и на родова основа. Кои се најчестите форми на двојна или можеби тројна дискриминација во македонското општество?

-Да, загрижувачки е фактот дека во голем обем се забележува присуство на тн.повеќекратна дискриминација! Имено, ако го земеме примерот на млада девојка во адолесцентен период (15, 16 год.) која е Ромка по националност, живее во вонбрачна заедница, истата е бремена, без образование, има физички хендикеп (куца со едната нога). Може ли да замислите и ги евидентирате сите основи на кои е изложена оваа млада личност која заради маргинализираност на своето семејство (Роми кои се на маргините на системот), родителите ја втурнале во вонбрачна заедница (заради одрдена сума на пари), која ја лишиле од основно образование итн. Значи не треба човек да е голем стручњак за да препознае дека ова лице (а не е единствен случај) има нееднаков третман и трпи дискриминација по повеќе основи : етничка (Ромка), род, хендикеп, образование, социјален и општествен статус, брачен статус. Не чека сериозна и макотрпна работа да ваквите случаи се искоренат (иако делува преамбициозно) но, на овој степен на цивилизациски придобивки илузорно е да збориме и констатираме дека ни се случуваат тука кај и околу нас.

Дали борбата против дискриминацијата е само институционална или таа опфаќа системско третирање, преку јавни говори, образование и кампањи за подигање на свеста за значењето на забраните на дискриминацијата?

-Да борбата против дискриминацијата ја немаат само како задача/агенда институциите задолжени за превенција и третман во спречување и санкционирање на дискриминацијата туку како напоменавте таа опфаќа системско и систематско едуцирање на сите нивоа во општеството вклучувајќи ги институциите, механизмите на заштита, невладините организации кои имаат витално и значајно место и улога во справување со ова зло!

  • Каде и како се пријавува дискриминација и кои се најчестите форми на дискриминација кои се пријавуваат (ако имате таков податок)?


-Па дискриминација и дискриминирачко однесување најадекватно може и треба да се пријави во Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, потоа во одделението за недискриминација при Народниот правобранител, како законски надлежни механизми за заштита. Инаку во моментот комисијата не работи поради уважената тужба/приговор на Комисијата до Уставниот суд при носењето на новиот Закон за заштита и спречување од дискриминација во несоодветна законска процедура (изгласан во Собрание со 51 глас на пратениците). Значи се очекува при конституирањето на новото Собрание на СРМ да се донесе ЗСЗД во најитен можен рок а со тоа и да се избере новиот состав на Комисијта. Покрај овие две институции граѓаните можат да се јават и во етаблирани НВО-а кој се бават со феноменот на дискриминацијата (Хелсинчки комитет, Мрежата за недискриминација и др.) кои веднаш ќе го упатат предметот до надлежните (горе наведените). Инаку треба да се напомене дека може да се поднесе и тужба за дискриминација и директно кај надлежните основни судови кои во судска постапка можат да вклучат стручни лица од Комисијата или Народниот праворанител.

  • Многумина ве препознаваат како човек кој направил многу за социјално загрозените, за дискриминираните, на некој начин ве препознаваат како човек кој секогаш се труди да најде начин да помогне. Од каде извира таа потреба да се помага на луѓето? Дали можеби од некоја човечка емпатија или од вашето длабоко разбирање на општеството кое доколку сакаме да биде унапредено ќе мора да се водиме од утилитаристичките принципи (Најмногу среќа за најголем број на луѓе)?

-Благодарам за прашањето и најавта во него околу мојата работна мисија. Знаете привилегија е да работите работа согласно избраната професија (социјален работник), особено кога на некое потсвесно ниво пред се заради лошите искуства во семејството (веќе напоменавме колку големо/најголемо влијание има во развојот на каратерот) ќе растете и ќе се развивате потикнувајќи ги сите внатрешни резилиетни сили кои дефинитивно ви ја развиваат благородноста, човекољубието и емпатијата. И, полсле тој процес на равој и созревање ќе добиете профеионален ангажман да работите со индивидуи и семејни заедници кои се во ризик. Целиот тој процес ве збогатува и ве формира во човек кој е максимално сензибилизиран и емпатичен кон судбините на лицата кои се нашле во положба на социјален ризик. Затоа и фит- бекот кои по одредено време го добивате од тие исти луѓе е огромна сатисфакција која не се надокнадува со никаков материјален бенефит.

Интервјуто го спроведе: Магдалена Стојмановиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде