дома прашуваме други интервју Интервју со Драган Јованов: Сегашниот начин на живот ни носи многу болести...

Интервју со Драган Јованов: Сегашниот начин на живот ни носи многу болести и заболувања, но секогаш се побројни лековитите растенија со кои можат да се излекуваат болестите

3359
0

Драган Јованов е роден во Скопје, Македонија. Познат млад експерт за агроекологија и фитомедицина. Има добиено осум меѓународни признанија за најдобар млад научник и четири национални.

Автор е на 30 книги во областа на екологијата, фитомедицината, традиционалната медицина, нутриционизмот и агроекологијата. Автор е на преку 50 научни труда, како медиумски претпознатлива личност бил гостин на преку 200 научни емисии, автор е на преку 200 научни статии.

Член е на клубот на иновативни умови при Европската академија на науки со седиште во Белград и Брисел. Предава на Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси при МИТ Универзитетот во Скопје и др.

Во интервју за „Мој збор“ Драган Јованов објаснува што е фитомедицина и фитотерапија, нивната примена, употребите на знаењата од фитомедицината и фитотерапијата во класичната медицина, превентивните методи во фитомедицината, како и употреба на превентивни решенија во борба против актуелниот, смртоносен КОВИД19 вирус.

Интегралното интервју со Драган Јованов во продолжение:

  • Специјалист си за фитомедицина и фитотерапија. Се чини дека овие два термини не се во честа употреба помеѓу луѓето кои не се од фелата на медицина, па поради тоа и голем дел од нас немаат јасна претстава и идеја што е фитомедицина и фитотерапија. Дали може накратко да ни објасниш што е фиромедицина и нејзината посебна област фитотерапијата?


Драган Јованов: Да. Специјалност ми е агроекологија и фитомедицина. Во Македонија како фитомедицина се толкува заштита на растенијата од штетници, но јас ја работам Современата фитомедицина и фитотерапија која во западно европските земји се толкува на друг начин. Современата фитомедицина е наука во која се изучуваат лековитите својства на растенијата и претставува метод на лекување, одржување и спречување на болести и тегоби со употреба на цели лековити растенија или нивни делови (корен, лист, цвет и др.) во вид на чаеви, тинктури, етерични масла и екстракти. Современата фитомедицина не е ,,алтернативна медицина“ туку дел од научната медицина и ја чини основата за превенција и помош при одржување, подобрување и лекувње на разни болести кои го напаѓаат организмот.


-Фитотерапијата е третман на заштита, превенција и лекување на здравствени заболувања со примена на научно поддржани лековити билни препарати. Кога се лекувате со фитомедицински билни препарати треба да бидете трпеливи, бидејќи нивното делување е поспоро, но подобро, она што лесно се стекнува лесно и се губи, она што долго трае станува составен дел од нашата отпорност и издржливост. Лековитите растенија можете да ги употребувате за сите здраствени проблеми, зависно од стадиумот и тежината на болеста, зависи и тоа колкав ефект ќе постигнете со нивна правилна, континуирана употреба. Со употреба на лековитите растенија во организмот внесувате неопходни супстанци за вашето здравје (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси, флавониди, минерали, ензими и др.) и задоволувате исклучиво важни сегменти од сложениот човечки биолошки систем, со тоа го зајакнувате вашиот организам, станува по отпорен, ги подобрувате метаболитичките процеси и ги одстранувате штетните материи од организмот и не постои дефицит од најпотребните материи. Успешноста е голема, но и заинтересираноста се зголемува се повеќе и повеќе.

  • Дали сметаш дека фитотерапијата е доволно искористена во класичниот медицински пристап во Македонија и во кои области предлагаш нејзино поголемо вклучување во примената?


Драган Јованов: Фитотерапијата во Македонија не е доволно искористена во класичниот пристап. Мое мислење и мој став е да се употребува фитотерапијата при појава на најтешките заболувања од кој страда човештвото. Бенифитот е голем кон здравјето, а нус ефетите се сведени на О. Треба и во научните установи што повеќе да се даде акцент и почит на оваа наука…

  • Дали фитомедицината покрај решенија кои ги дава за лекување на одредени болести вклучува и превентивни решенија за некои болести и кои се тие?


Драган Јованов: За секоја болест постои лековито растение. Може да се употребува фитомедицината за сите заболувања, освен при некои проблеми и хирушки зафати на човечкото тело, за се друго може да ја користите.

  • Светлината е modus operandi на фитомедицината, дали станува збор само за природна светлина (добиена од Сонцето) или се употребуваат и други типови на светлина во фитотерапијата (на пример светлина преку електрична енергија)?

Драган Јованов: Најчесто природна светлина добиена од Сонцето.

Македонска традиционална медицина | КУПИ ONLINE
  • Автор си на книгата „Македонска традиционална медицина“ и ,,Македонска Современа фитомедицина“ во која преку енцикопедиски пристап се наведуваат сите познати начини на лекување на одредени болести кои се користеле во Македонија со векови наназад до ден дене. Дали тој пристап што го користиш претставува откривање на „богатство“ од знаења врзани за медицината кои класичната медицина не ги употребува и признава поради ригидниот научен критериум?

Драган Јованов: Подготувањето односно пишувањето на овие книги беше 5 години. Книгите ги напишав со цел да ги поставаам телемелите на една нова етапа во сферата на македонската современа фитомедицина и традиционалната медицина која фундаменталната основа ја наоѓа во традицијата на нашите предци, и модерниот начин на истражување на кој се темли фитомедицината. На мој начин, во склад со современиот живот и потребите на македонската нација ги напишав овие книги во кој сакам да им укажам на сегашните генерации кои се придобивките од употребата на лековитите растенија и како влијаат врз човечкиот организам. Најбитно од се е да се подигне свеста кај луѓето за она што не опкружува и е насекаде околку нас. Сметам дека луѓето не се доволно информирани за природниот начин на лекување, неопходно е да имаме еден поинаков пристап кон растенијата кои пред се се наоѓаат на наше тло, бидејки се работи за здравјето на секој од нас, токму затоа и ги напишав овие книги. Она што јас темелно го разработувам во овие книги е спој на историското искуство на нашите предци, со воведени нови елементи во методите на лекување лично од моја страна, во комбинација со лековитите растенија кои што постојат во Македонија денес и тука. Многу интересно и карактеристично за оваа наша инзонредно богата земја е тоа што изобилува со голем број на лековити растенија, буквално се ни стои на располагање и потребно е само малку време и интерес да си го продолжиме животниот век.

-Секако, потребни биле векови да се издвојат и да се класифицираат разновидните лековити растенија. Сегашниот начин на живот ни носи многу болеси и заболувања, но колку и да се бројни видовите на болести, секогаш се побројни лековитите растенија со кои можат да се излекуваат болестите. Еден придонес и запознавање со лековитоста и употребата на овие лековити растенија и фитомедицински билни препарати што најчесто ги среќаваме, се образложени преку книгите МАКЕДОНСКА СОВРЕМЕНА ФИТО-МЕДИЦИНА и МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИОНЛАНА МЕДИЦИНА.

PDF) Македонска современа фитомедицина (Мacedonian phytomedicine)
  • Дали може фитомедицината да даде некое превентивно или терапевстско решение во ефектите предизвикани од корона вирусот и дали можеби имаш некој домашен рецепт кој би го споделил со нашите читатели а би бил успешен во превенција од вирусот?


Драган Јованов: Да како превенција за вируси се користи диво оригано, ехинацеа, мајчина душица, бозел, планински чај, жалфија и тн. Јас имам истражувачки фитотоник кој се користи за вируси. ГЕН ИМУНО ТОНИК.

Интервјуто го спроведе: Магдалена Стојмановиќ