дома информација Изборите веќе не се единствениот начин да се одлучува кој да биде...

Изборите веќе не се единствениот начин да се одлучува кој да биде на власт

87
0

Додека со завршувањето на изборниот процес во демократските држави завршува и прераспределбата на пратенички места, конституирање на Собрание, формирање на влада и преземање на министерските функции, во денешно време се забележува нов феномен кој дава дополнителна екстензија на толкувањето на изборните резултати и настојување да се направи промена во веќе формираната структура на управата.

Партиите кои добиле помал број на гласови и неуспеале да добијат доволно доверба кај граѓаните како би формирале влада, наместо да го прифатат поразот и заминат во опозиција, тие се надеваат на дополнителна промена што може да настане и да ги поремети плановите во формирање на владата или работата на формираната влада.

Начинот да стигнат до целта е макијавелистички и тој се состои во организација на масовни протести. Масовните протести се состојат од „слободни стрелци“ но и од регрутирани гласачи, симпатизери и луѓе со доверба кон одредена политичка партија.

Организација на протести во Србија

По прогласувањето на изборните резултати кои значеа убедлива победа на СНС и доверба за формирање на влада, во Белград пред собраниската зграда се организираа масовни протести на кои беше забележана употреба на сила од страна на полицијата со цел да го сузбие дејствувањето на разјарена толпа од демонстранти кои демонстрираа агресивно и вандалистичко однесување.

Протестите во Белград не беа подржани медиумски и покрај настојувањето да се покаже и другата страна на паричката и обвненија за полициска бруталност.

Белорусија

По победата на партијата предводена од Александар Лукашенко, во Белорусија се организираа масовни протести од граѓани кои тврдеа дека изборните резултати се фалцификувани и дека тие не ја репрезентираат вистински волјата на граѓаните.

Лукрашенко се закани со вадење на војска по улиците и сузбивање на протестите.

Дел од светските медиуми во белоруските протести видоа – демократска зрелост и силно изразена граѓанска свест, додека другите сметаат дека демонстрантите се октроирано малцинско чија намера е да предизвика политичка криза и да ги дестабилизира односите во владата.

Црна Гора

По долго владеење во опозиција замина и партијата предводена од Мило Ѓукановиќ. Ѓукановиќ беше обвинуван за заладување на односите со Србија и СПЦ што и според неговиот осврт се причини за изборниот резултат кој не е во негов прилог.

Ѓукановиќ не се повлекува лесно од власта, па најавува масовни протести од неговото гласачко тело.

Во медиумите се претставува поразот на Ѓукановиќ како „феномен“ па од таа причина и покрај тоа што е поразен на изборите тој сепак останува во центарот на вниманието на јавноста. Медиумите често ги пренесуваат неговите изјави и интервјуа како домашните, така и регионалните.

Македонија

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски најави масовни протести на есен. Поводот за протестите се уште не е познат на јавноста, но таквата идеја следува по честите состојби кои се предизвикувани од опозицијата и нивните гласачи низ другите држави од опкружувањето и Европа.

Неговата идеја е обвинета за „наивна“ со однос на тоа што организацијата на протестите се случува по „губење“ на изборите и владиниот пиадестал за разлика од очекувањата на мнозинството да се случат протести во времето на промена на уставно име.

Изјавата на Мицкоски остана незабележана медиумски и не предизвика страв кај новоформираната влада, а која аналитичарите тврдат дека е слаба и на „стаклени нозе“.

Магдалена Стојмановиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде