Претседателите на двете земји, Тачи и Вучиќ за две недели во резиденцијата на Трамп, под посредништво на специјалниот претставник Гренел ќе се обидат да најдат заеднички компромис.

Тачи верува дека и овој пат, како и во минатото, со американска медијација, исходот ќе биде на страната на Приштина. Очекува меѓусебно признавање со Србија, без размена на територии.

-Косовските институции, по поканата од Трамп и Гренел за продолжување на дијалогот во Белата куќа, одговорија позитивно. Вашингтон јасно даде до знаење, и со писмата на Трамп, дека овој процес има за цел меѓусебно признавање на Косово и Србија, но и продолжување на зачленувањето во меѓународните организации. Обединети и во партнерство со САД ќе успееме. Така беше во Рамбује, во Виена и така ќе биде во Вашингтон, изјави Хашим Тачи, претседател на Косово

Српскиот претседател Вучиќ уверува дека нема да дозволи признавањето на Косово да биде тема во Вашингтон и дека од Белата куќа нема да излезе со бело знаменце. Не сакаше навлегува во актуелниот судир меѓу САД од една и Европската Унија и Германија од друга страна, откако денеска германскиот дипломат Ишингер на твитер остро реагираше што Вашингтон организира средба без координација со Брисел.

Американскиот пратеник Гренел зајадливо реплицираше со порака, која алудира на европскиот неуспех во преговорите меѓу двете страни.

Решавањето на деценискиот според помеѓу Србија и Косово според високите претставници на ЕУ ќе донесе стабилност на Западен Балкан. Освен САД и ЕУ се залага за убрзување на процесот на изнаоѓање на решение.

Извор: kanal5.com.mk

претходниот член,Новиот реис на ИВЗ вети поголема транспарентност и отчетност кон јавноста
Следната статијаКорона вирусот донесе и нешто добро – се забранува марихуана на туристи во Амстердам

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде