дома информација вест Во Србија ќе се враќа карантин како мерка за заштита против растот...

Во Србија ќе се враќа карантин како мерка за заштита против растот на бројот на новозаразени со КОВИД19

913
0

Кризниот штаб за борба против епидемијата на корона вирус во Србија денес ќе разгледа дали да воведе 10-дневна задолжителна самоизолација на граѓаните што се враќаат од годишен одмор од Црна Гора и Хрватска.


Како што соопшти вчера Министерството за здравство на Србија, малото зголемување на новозаразените со вирусот во земјата е последица на враќањето на граѓаните од годишните одмори од тие земји.

Министерството уште еднаш апелираше до сите што се враќаат во земјата да бидат солидарни и да го намалат движењето во првите седум дена по нивното враќање, да ги намалат контактите на минимум или веднаш да бидат тестирани.

Вкупно 32.336 потврдени случаи КОВИД 19 се регистрирани во Србија до 15 часот на 13 септември. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 3.082 луѓе, од кои 108 се позитивни, а две лица починале. Вкупно има 28 пациенти на апарати за дишење.

Извор: Novosti.rs