Човештвото ќе ги потроши сите расположиви природни резерви на Земјата за 2020 година до сабота , тврдат научниците, кои посочуваат дека овој мрачен праг е постигнат малку подоцна оваа година за разлика од минатата.

Т.н. Ден на пренесување на Земјата е ден на кој човештвото ги „потрошило“ сите биолошки резерви што може Земјата да ги надополни од година во година. Тој ден се случува од 1970-тите се порано и порано, според Global Footprint Network.

Мрежата пресметала дека оваа точка е достигната на 22 август годинава во однос на минатата година кога била достигната на 29 јули, со што е одбележан редок случај на пресврт на трендот по пандемијата, зашто карантинот предизвика привремен пад на емисиите на стакленички гасови и уништување на шумите.

Ова претставува намалување од 9,3 проценти во влијанието на луѓето во однос на претходната година, според Global Footprint Network.

Извор: Канал5

претходниот член,Албанскиот спикер на Собрание го кани Џафери во Тирана да го прослават неговиот реизбор
Следната статијаСинот на кумановката која почина ден по породувањето од корона вирус во Врање ја доби битката против корона вирусот