Ова 2020 година требаше да биде супер година за природата и биодиверзитетот, според ООН.

Но, со блокирање на планетата, КОВИД-19 го потенцираше ризикот од нестабилна врска на човештвото со природата, со повеќекратни предупредувања што ја поврзуваат пандемијата со уништување на екосистемите и видовите.

Различни студии упатуваат на различни резултати околку влијанието на пандемијата врз природата и екосистемите.

Некои од студиите заклучуваат дека пандемијата која ја донесе на сила мерката „карантин“ според која милиони луѓе останаа затворени во своите домови и помогна на природата фигуративно речено да „дише“.

Многу видови меѓу кои и белите делфини почнаа да пливаат на бреговите на морињата, поради намалениот транспорт на морските патишта.

Други, пак, истражувања утврдуваат дека екосистемот и биодиверзитетот претрпел штета од пандемијата бидејќи човекот ја изгубил својата врска со природата и интересот за нејзино негување и унапредување.

Во четвртокот на генералното сообрание на ООН ќе се дискутира за влијанието на пандемијата предизвикана со КОВИД19 врз природата воопшто.

Извор: Theguardian.com

претходниот член,Луѓето кои повеќе зборуваат имаат помалку брчки на лицето
Следната статијаСамо Миле Јанакиевски „го јаде“ за „Насилство во Центар“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде