Сопственикот и уредник на порталот „Трибуна“ – Атанас Величков на својот фејсбук профил се огласи со свој коментар по повод пресот на претседателот на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство кој вчера предизвика бура од различни и спротивни реакции во јавноста.

Величков на пародичен начин ги искоментира неколкуте изјави на Караџовски повикувајќи го на поголема транспарентност и отчетност кон граѓаните.

Според Величков, Караџовски свесно премолчил главни случувања од општествената и политичката сцена во Македонија кои значително влијаеле врз состојбата со епидемијата во последниот период.

Наместо да ја открие политичката интрига, Величков го обвинува Караџовски дека целата одговорност за состојбата ја префрлил само на граѓаните, но не и на институциите надлежни за спроведување на мерките.

Интегралната објава на Величков во продолжение:

Да не беше предизборен периодов многу полесно ќе беше да се изменаџира кризата со коронавирусот. Со калкулации и препукувања за партиски поени пандемија не се бори, ама паметните глави поарно знаат. Караџовски требаше да каже и за фуфката по заканата на Реџепи дека некој немало да искочи на гласање ако имало полициски за Бајрам, а исто така и за популистичките испади на Чулев дека не требало да се казнуваат граѓаните оти биле сиромашни. Караџовски требаше да каже, пошо изгледа друг јунак цвст како куче нема скоро да видиме на прес посветен на короната.