дома информација вест Боки13: Не може да ми суди суд на чија табла пишува Република...

Боки13: Не може да ми суди суд на чија табла пишува Република Македонија, ние сме Северна

49
1

Бојан Јовановски или попознат како Боки 13 за јавноста се придружи на барањето за изземање на обвинителката Вилма Русковска.

Претходно, на почетокот на судскиот процес познат како Рекет 2, Јовановски потсети дека како претстедател на Меѓународниот сојуз до судот испратил оставка на функцијата, па се согласи претставник на правното лице да биде адвокат по службено лице назначен од судот.

-Не верувам во дерогираниот систем во кој судите под табла Република Македонија, иако сме Северна Македонија, рече Јовановски.

Бранителот на Фросина Ременски Владимир Доневски пред да почне расправата побара изземање на обвинителката Вилма Русковска поради сомневање за нејзина пристрасност во процесот.

Бојан Јовановски изнесе низа забелешки за судскиот процес и за предметот „Рекет“ особено за постапувањето на судиите и за обвинителката Русковска со која и тој и второобвинетата Јанева имаа жустри и за јавноста шокантни расправи во судница.

Процесот се повеќе се претвора во апсурден процес во кој се докажува вина на три обвинети во случајот „Рекет“ но околу кој предмет се провлекуваат многу имиња од политичката фела и сомнежи во исправноста на постапувањата на судиите.

Извор: 24info.mk

1 коментар

  1. […] „Не верувам во дерогираниот систем во кој судите под табла Република Македонија, иако сме Северна Македонија“, рече Јовановски, пренесува „Мој збор“. […]

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде