Пожар избувнал утрово во катедралата во градот Нант, западна Франција, објавија локалните медиуми.

Пожарот не е под контрола, беснее во целосна сила, соопшти противпожарната служба, која добила сигнал во 7.44 часот.

Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година.

Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот.

Локалните служби надлежни за сузбивање на пожарот изјавија дека пожарот уште не е изгаснат целосно поради што и проценката на штетата ќе се врши подоцна во текот на денот.

Извор: Канал5