Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста.

Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство.

Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење.

Претходно, според сведоците, Ангела го барала Пино вечерта на неговиот роденден со необично барање.

Таа, сакала да се пресмета со некои девојки и имала потреба од автомобил за да стави во гепек некоја личност.

Сепак, Пино , како што посочил сведокот, го одбил ова барање на Ангела со образложение дека нема пари да оди во Ѓорче а и не сакал да влегува во проблеми.

Ангела во ниту еден момент во текот на судењето не покажала каење за делото кое го сторила поради што е осудена на висока затворска казна. Али Фуркан кој го извршил убиството се уште се наоѓа во бегство.

Извор: Курир / фото: Телма