Утрово се случи напад со мачета во Париз во близина на поранешните простории на Шарли Ебдо, местото на нападот во јануари 2015 година, во 11-от арондисман во Париз.
Четири лица се повредени, а двајца се во сериозна состојба, пренесува Ле Паризиен.
Меѓу повредените има вработена во продуцентската куќа Премиер Лајнс, соседи на поранешните простории на сатиричниот весник и жена од компанијата Бокод.
Сите повредени се пренесени во болница.
Извор: BFRMTV / Канал5