Европската унија нема да воведува санкции за рускиот гас или нафта, објави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во видео објавено на неговиот Фејсбук профил, пренесува Ројтерс.
Најважното прашање за нас е решено на поволен начин – нема да има санкции поврзани со гасот или нафтата, така што снабдувањето на Унгарија со енергенси во наредниот период е безбедно – рече Орбан во видео пораката од самитот на ЕУ во Франција.