Македонија и преку ЕУ добива пристап до лекот Ремдесивир објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Потпишан е договор од 36 земји, меѓукои е и Македонија. Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка.
Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.
–Преку Клиничката студија на СЗО веќе го имаме лекот Ремдесивир, а со ова обезбедуваме дополнителни количини од истиот за третман на пациенти со корона вирус – додаде Филипче во соопштението за јавноста.