Директорот на Светска банка – Малпас изјави дека пандемијата ќе се одрази и на светската економија предизвикувајќи катастрофални последици.
Мерките кои беа воведени од страна на националните влади, а по урнек на светските искуства и препораките од СЗО направија голем удар врз економските принципи.
Забраните за движење и групирање, но и затворањето на индусктриските и услужните центри низ светот ја намали фреквенцијата, пазарната размена и производството на добра.
Тоа ќе се одрази на состојбите на пазарот, понудите ќе бидат помали и поограничени, а луѓето нема да имаат финансиска моќ да си ги обезбедат потребните добра.
Извор: mia.mk