Моноклоналните антитела се извлекуваат од крвта на пациентите кои закрепнале од коорнавирус.
Идеално, терапијата со антитела треба да се примени во рана фаза од болеста, дури и пред заразата како превенција, бидејќи може да пружи имунитет.
Десетици компании и научни групи се во трка за развој на терапии со антитела.
„Регенерон“ и фармацевтската компанија „Ели Лили“ побараа дозвола за итна употреба на нивните производи од Администрацијата за храна и лекови.
Дел од научниците ги полагаат надежите во „Прометеј“, научната група која моментно заостанува зад конкуренцијата, а сепак би можела да го пронајде најмоќното антитело.
„Прометеј“ претставува соработка помеѓу академските лаборатории, Армискиот медицински институт за заразни болести на САД и компанијата „Адимаб“.
Извор: Нова Македонија