Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт.
Јавноста овој став на Бугарија го протолкува како закачнувачки и предупредувачки во поглед на преговорите со ЕУ.
Засега единствена пречка кон ЕУ членството беше спорот со името со Грција, но по промена на уставното име Грција не најавува нови блокади на евроинтегративните процеси.
Бугарија испрати објаснувачки меморандум до Брисел по повод најавите за прогрес на евроинтегративните процеси во Македонија.
Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија” во Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Извор: МИА