Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани на земји кои не се членки на Европската унија до 31 август.
Според информациите до кои дојде Ројтерс, се очекува оваа одлука да биде донесена во текот на денешниот ден.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајни, Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Ова информација особено ги тангира македонските граѓани, особено млади и студенти кои во текот на летото обично заминуваат на работа во Германија. Исто така голем е бројот и на македонски граѓани кои престојуваат и работат сезонска или трајна работа во Германија.
Целата вест на kanal5.com.mk може да ја прочитате тука