Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.
Според Државниот завод за статистика, пораст на на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.