Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, денеска објави дека конкурсот за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди ќе биде објавен до крајот на следната недела.
Весиќ, исто така, рече дека субвенцијата за еден велосипед ќе изнесува 5.000 динари.
Тој изрази очекување дека околу 2.000 граѓани ќе можат да ги добијат тие неповратни средства.
Весиќ напомена дека градот и една невладина организација вчера ја завршија работата на конкурсот.
Претходно беше објавено дека градот издвои 10 милиони динари за набавка на 2.000 велосипеди од домашно производство.