Уште денеска граѓаните кои ќе допатуваат во Македонија ќе може да влезат на територијата на државата без негативен ПЦР тест, потврда за вакцинација или прележаност на вирусот во последните 45 дена.
Од утре стапува на сила нова мерка која ги обврзува сите граѓани да пријават еден од овие три документи при влез на границите на Македонија.
Сите кои нема да прикажат ниту еден од наведените документи, ќе имаат обврска да потпишат решение за самоизолација.
Засега, за излез од Македонија на граничниот премин Табановце се чека околу час и половина во просек, додека за влез во државата се потребни околу 20тина минути.
Евидентна е и поголема гужва на македонската страна од границата со Србија, додека преминот од српската страна на „Прешево“ се одвива непречено и без поголем застој.