Платформата за споделување видеа YouTube најави дека ќе го сокрие бројот на „дислајкови“ во рамките на видео објавите на таа страница, за да го спречи „малтретирањето на Јутјуберите“, пренесува Zero Hedge.
Копчето со кое корисниците укажуваат дека не им се допаѓа видео ќе продолжи да постои, но бројот на недопаѓања ќе биде приватен, достапен само за креаторите на содржини, што значи дека „тоа нема да послужи како јавен срам“.
Компанијата соопшти дека целта е да се спречат помалку познатите Јутјубери да бидат цел на напади и малтретирање, како и да се промовира „достоинствена интеракција“ меѓу оние кои гледаат видео содржини и оние кои ја создаваат.