Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2.
На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 9 степени.