Плата за септември или прекин на работата. Ова е пораката од вработените во Македонски пошти. Тие од денеска почнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час.
Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сѐ со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.
Наредниот штрајк е веќе закажан за 29 октомври. Во Македонска пошта вработени се 2.000 лица.