Министерот за здравство, Венко Филипче на својата фејсбук-страница ја сподели веста дека на 14 мај во Македонија ќе стигне втората пратка вакцини преку „ковакс“ механизмот.
– Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку Ковакс механизмот и ќе ни бидат испорачани 38 400 вакцини од производителот „Астра-Зенека“. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинaција на wwvw.vakcinacija.mk – напиша тој.