Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски започнува денеска во 11 часот и 2 минути, а на јужната хемисфера настапува летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.
Сонцето во Скопје изгрева во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути.
Денот генерално трае 9 часа и 7 минути.