Жителите на Стар и Нов Дојран, месното население од овој град и дел од жителите на селото Фурка веќе се во паника кој ќе ги лекува, затоа што нивниот матичен лекар ќе си замине и неизвесно е дали и кога ќе дојде нов во здравствената амбуланта.
Особено се исплашени повозрасните жители, бидејќи ќе нема каде во близината да се лекуваат, па ќе мора или да патуваат до Валандово и Богданци или во случаи на итност да чекаат на итната медицинска помош од Гевгелија.
Проблемот, велат од Здружението на приватни лекари на Македонија, произлегува од законските решенија, кои треба да се променат, односно пациентите да бидат на приватната здравствена установа, а не на докторот.
За тамошниот случај веќе се пишуваше и по социјалните мрежи, а некои ги пренесоа и ставовите на жителите, кои велат дека Дојран е село кога нема доктор, немаат ништо.