Чешка ги ублажува мерките и веќе не е потребен сертификат за вакцинација
Од утре нема да има потреба од здравствени пропусници за влез во барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, како и спортски и културни настани.
Веќе не е потребен сертификат за вакцинација за користење одредени услуги и присуство на јавни настани, пишува „Анадолија“.
Премиерот Петр Фијала, најави укинување на повеќе мерки против коронавирусот подоцна во февруари во зависност од развојот на ситуацијата.
Повеќето ограничувања ќе бидат укинати до 1 март, рече Фијала.
Од 19 февруари до 5.000 луѓе ќе може да присуствуваат на концерти, спортски натпревари и други настани на кои седат гостите. За другите собири, наместо 100, ќе биде дозволено присуство на 500 луѓе.