Сабота: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6 степени.
Минималната дневна температура во Скопје ќе биде 12, а максималната ќе достигне 27 степени.
Недела: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. УВ индексот ќе изнесува 7.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 11, а максималната ќе достигне 29 степени.