Сабота: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УВ индексот ќе биде 8 мерни единици.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 17, а максималната ќе достигне 33 степени.
Недела: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе изнесува 18, а максималната дневна температура во Скопје ќе достигне 34 степени.