Од Паркови и зеленило информираат дека вандалистичките напади во Градски парк се зачестени.
Утрово се најдени три извадени, а потоа и фрлени клупи во езерцето.
Паркови и зеленило упатува апел до граѓаните да не го уништуваат јавниот имот и да се грижат за негово негување и унапредување бидејќи тоа е за општо добро.
Покрај совеста на граѓаните, потребно е да се апелира и до градските власти да ги зголемат контролите и казните за вандалистичките настани.
Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк што придонесе нашите екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе.
Како ова да не беше доволно, утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во Првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме , додека во Вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.
Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас, стои во соопштението на Паркови и зеленило – Скопје