Вакцината за коронавирус на Фајзер беше официјално одобрена во Америка денес кога избрана група експерти препорачаа од Управата за храна и лекови да ја одобрат вакцината, пишува Њујорк Тајмс.
Агенцијата веројатно ќе го стори тоа за неколку дена, давајќи им на здравствените работници и корисниците на домовите за стари лица приоритет да бидат првите кои ќе примаат инјекции од почетокот на следната недела.
Надлежното тело, составено од независни научници, инфектолози и статистичари, гласаше со 17 гласа „за“, четири „против“ и еден воздржан за итно одобрување на овластување на вакцината Фајзер за над 16-годишна возраст. Иако од Управата за храна и лекови на САД не се бара да го следат советот на ова тело, тоа обично го прави.
Со овој формален „благослов“, Америка конечно може да го забави ширењето на вирусот бидејќи бројот на заразени и мртви се зголемува и достигнува рекордни 3.000 смртни случаи дневно, како што беше случајот во средата.
–Надлежната администрација се очекува да ја потврди употребата на оваа вакцина во сабота, иако предупредија дека правните или бирократските барања може да го одложат објавувањето на вакцината до недела, пишува Њујорк Тајмс.
Првата испорака од 6,4 милиони дози ќе го напушти магацинот во рок од 24 часа откако управата ќе го одобри.
-Половина од овие дози ќе бидат испратени низ целата земја, а другата половина ќе биде зачувана за примарните корисници, за да ја добијат својата втора доза две или три недели подоцна, се вели во текстот.