дома животен стил Утре на ПМФ ќе се одржи омаж посветен на најзначајните македонски етнолози:...

Утре на ПМФ ќе се одржи омаж посветен на најзначајните македонски етнолози: Милош Константинов, Ангелина Крстева и Крсте Богоески

Омаж за најзначајните македонски етнолози

711
0
На 31ви Мај (среда) со почеток во 11 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, институтот за етнологија и антропологија организира омаж за најзначајните научници од областа на етнологијата и антропологијата во Македонија. 

Проф. д-р Милош Константинов e етнолог, историчар, публицист и долгогодишен директор на градските архиви на Битола и на Скопје. Тој е доајен на етнолошката наука и еден од најавторитетните личности во оваа област во Македонија.

Во 1980-тите бил назначен за редовен професор на обновената група по етнологија на Природно–математичкиот факултет во Скопје.

Проф. д-р Милош Константинов

Ангелина Крстева е познат македонски етнолог и автор на голем број објавени монографии и статии посветени на македонската народна носија со посебни осврти на украсувањето, како што е везот во разни техники, вткаените орнаменти, накитот, начините на чешлање и многу други специфичности на македонската народна култура до првата третина на 20 век. Нејзино најзначајно дело е албумот „Македонски народни везови“ за кое ја добила наградата „13 ноември“ во 1976.

Проф. д-р Крсте Богоески е еден најзабележителните истражувачи во полето на заштитата на културното наследство и музеологијата во Македонија. Од 1995 до неговото пензионирање, во 2009 година, бил професор на Природно – математичкиот факултет на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ во Скопје.

Минатата година, институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје организираше омаж посветен на петтемина македонски етнолози Бранислав Русиќ, Вера Кличкова, Нијази Лиманоски, Ѓорѓи Здравев и Љупчо Неделков, а по повод годишнините од нивното раѓање или смрт.

Омажите покрај тоа што имаат за цел да оддадат признание на заслугите што ги имаат македонските етнолози во развојот на етнолошката и антрополошката наука во Македонија, како и нејзино етаблирање, тие претставуваат и преглед на историскиот развој на целокупната етнолошка и антополошка наука во Македонија со што се чува на интегритетот и идентитетот на етнолошката и антрополошката наука во рамките на македонските научни институции.