Сегашниот бран на сојот омикрон ќе биде последниот во кој ќе мора да живееме со ограничувања.
Ова го изјавил извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла во интервју за француска телевизија, во кое посочи дека се надева оти сегашниот бран на омикрон ќе биде последен, но веднаш додаде дека најверојатното сценарио е она во кое вирусот ќе циркулира меѓу светската популација во годините што доаѓаат.
Најверојатното сценарио, иако не можам да гарантирам дека ќе биде, е она во кое вирусот ќе биде меѓу нас уште многу, многу години. Тоа е вирус што се шири во целиот свет, па затоа е многу тешко да се елиминира целосно. Против тој вирус ниту природниот имунитет ниту имунитетот на вакцината не обезбедува особено долготрајна заштита, што значи дека некој што е заразен може повторно да се зарази следната година, рече Бурла.
Но, тој додаде оптимистички наведувајќи ја ефикасноста на вакцините и лековите против ковид-19, бидејќи верува дека бранот омикрон е последниот со толку многу ограничувања.
Бурла рече дека вакцината против омикрон ќе биде готова во март и дека компанијата веќе работи на производство на дози од неа.
Ќе имаме ефикасна вакцина во рок од три месеци по откривањето на омикрон, што е многу кус период-додаде извршниот директор на „Фајзер“.
Тој повтори дека, што се однесува до општата популација, не може да препорача четврта доза од вакцината, бидејќи сè уште нема доволно докази за нејзината ефективност.
Наместо тоа, рече тој, засилувачот или третата доза, треба да се промовира како многу важен за целосна заштита од потешките последици од инфекцијата со коронавирус.