Mинистерoт за здравство Ален Берсет изјави дека потврдите за ковид наскоро би можеле да бидат укинати, затоа што одговорот на јавниот здравствен систем на пандемијата на коронавирус се чини дека е „на вистинскиот пат“.
Лани во неколку швајцарски градови се одржаа протести поради воведувањето на овие сертификати и други ограничувања поради коронавирусот. Тогаш беа собрани скоро 200.000 потписи, а во декември се одржа референдум на кој повеќето граѓани ги поддржаа ограничувањата.
Во повеќе европски земји се намалуваат рестрикциите, иако бројот на заразени е висок.