Украина формално забрани регистрација на руски вакцини против коронавирус, се наведува во указот издаден од владата на таа земја во средата, пренесува „Еурактив“.
Украина заостана зад другите во започнувањето на програмата за вакцинација на коронаури, со која се заразени повеќе од 1,25 милиони Украинци и убиени 23.934 граѓани.
Но украинските власти постојано повторуваат дека земјата нема да користи руски вакцини, како што е Спутник V, нарекувајќи ги „руско хибридно оружје против Украина“.
–Регистрација на вакцини … чие производство беше извршено во држава признаена од украинскиот парламент како агресор држава, се наведува во декретот на Владата на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев обезбедил 20 милиони дози вакцини од Индискиот серумски институт, а владата се надева дека ќе започне со вакцинирање на своите 41 милион жители во средината на февруари.
Украинската влада исто така се согласи да купи 1,9 милиони дози по цена од 18 американски долари за доза од кинеската „Синовац биотек“, а исто така очекува да добие 1,2 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“ од Полска.